Бесплатна драматизација на наградуваната новела на Салман Ружди - „Полноќни деца“

Бесплатна драматизација на наградуваната новела на Салман Ружди - „Полноќни деца“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Би-би-си објавува драматизација на наградуваната новела на Салман Ружди - „Полноќни деца“. Објавата ќе биде бесплатна, но ќе трае само одредено време.

фото извор: openculture.com

Драматизацијата се објавува по повод 70-годишнината од поделбата на Индија. Медиумот ја опишува новелата како книга за љубовта, историјата и магијата.

Седум индивидуални епизоди можете да најдете на овој линк. Сите траат по околу еден час.