Бесплатно преземање на повеќе од 400.000 дела од класичната музика

Бесплатно преземање на повеќе од 400.000 дела од класичната музика

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Задоволството да се слуша класична музика е поголемо од слушањето на само едно омилено класично дело. Сите љубители на класичната музика обично имаат омилено дело, но и омилена изведба на истото.


Пристапот до музика во денешно време е олеснет, а за класичната музика постои „International Music Score Library Project“, кој е основан во 2006 година. Содржи 123.134 дела, 15.404 композитори, 445 изведувачи и друго. Сите можат да се најдат онлајн и да се преземат. Само треба да го побарате името на делото или на композиторот и пребарувачот ќе ви ги прикаже понудените резултати.

За „Мала ноќна музика“ на Моцарт има посебен сегмент каде што ќе најдете и дела и изведби од повеќе оркестри. Можете и да ги слушате и да ги преземете.

Архивата содржи голем број дела за задоволување на вашиот музички вкус. Пристап до веб-страницата имате на овој линк.