Ако го пронајдете огласот за работа, може да се вработите во „Епл“

Ако го пронајдете огласот за работа, може да се вработите во „Епл“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

poraka
Фото: Screenshot http://us-east-1.blobstore.apple.com/


„Епл“ постира таен оглас за работа - за да го најде, една личност треба да ја поседува вештината што „Епл“ ја бара кај кандидатите.

Во огласот за работа пишува:

„Здраво! Ти нè пронајде нас. Бараме талентиран инженер за развивање критична инфраструктурна компонента што ќе биде клучен дел од екосистемот на 'Епл'“.

Доколку мислите дека сте го пронашле она што се бара од вас, тогаш треба да испратите е-пошта на blob-recruiting@group.apple.com