Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, бр. 199/14 и 27/16), a во согласност со член 22 од Законот за работни односи („Службен весник на
Република Македонија" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), Кабинетот на претседателот на Република Македонија
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 2 (двајца) посебни советници во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, на определено време
1 Советник за прашања од областа на надворешната политика 1
(еден) извршител
2. Советник за прашања од областа на одбраната и
безбедноста 1
(еден) извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови (за
сите кандидати):
да се државјани на Република Македонија,
да се полнолетни,
да имаат општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуца да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатот за работната позиција под број 1 покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да има завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
да има искуство во работата на законодавната, извршната или суцската власт;
да има искуство во дипломатскоконзуларните работи;
да има искуство во работата на владини и невладини организации од областа на меѓународните односи и евроатлантските интеграции;
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
да има најмалку 10 години работно искуство;
да ги исполнува условите за добивање на безбедносен сертификат.
Кандидатот за работната позиција под број 2, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да има завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
да има работно искуство во безбедносниот или одбранбениот систем на Република Македонија;
да има искуство во работата на владини и невладини организации кои се занимаваат со прашања на илегалната миграција и
спречување на трговија со луѓе;
да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (аншиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
да има најмалку 10 години работно искуство;
да ги исполнува условите за добивање на безбедносен сертификат.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија, кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар:
1. Доказ за државјанство на Република Македонија,
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место,
3. Доказ дека со правосилна суцска пресуда не им е изречена казна забрана за вршење
професија, дејност или должност,
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование,
5. Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски),
6. Доказ за работно искуство,
7. Кратка биографија.
Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40, работно време: од 08:30 до 16:30, работни денови: од понеделник до петок. Како посебни услови за работа во Кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор и
работа за време на празници
утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советниците трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет
се вработуваат.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот
(не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на
пријавувањето
Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето.
Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, ул. „Ацо Караманов" бр. ЗЗ A Скопје, со назнака „Оглас за посебни советници"
Пријавите доставени преку пошта треба да бидат примени во архивата на Кабинетот, најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА