Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се објавува

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се објавува

Стратешки приоритети на ВМРО-ДПМНЕ се: Зголемување на економс киот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и поквал итетен живот; интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО;бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото; одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот; инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.

Во следниот период ќе работиме уште поинтензивно и уште попосветено на остварувањето на овие стратешки определби.

За таа цел, а заради потребите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се објавува:

ОГЛАС
за пројавување на интерес на кандидати за професионален ангажман како:

1. Aналитичари (политички, социолошки и економски), кандидатитетреба да поседуваат:
• Диплома за завршено високо образование, но може да конкурираат и студенти, без ограничувања околу областа на студии (во план е ангажман и на две лица со завршено средно образование во учебната 2016/17 година, како и студенти кои би придонесувале во работењето на центарот за комуникации со скратено работно време)
• Одлично познавање на англискиот јазик, германскиот, францускиот или некој од јазиците што се говорат во регионот ќе се смета за предност • Ќе се вреднува и секое поголемо искуство при изработка на анализи и истражувања во областа на политиката и економијата.
• Новинарско искуство и работење во медиумите исто така ќе биде дополнително вреднувано при оценувањето на кандидатите. Особено ќе се вреднува искуството на политички теми, образование, здравство, социјална политика, земјоделие и економија.
• Oдлични вештини на пишување и комуникација, сеопфатни познавања на тековните сл учу в ања во земјата и странство, искуство со статистички и квалитативни анализи, високи аналитички способности како и способност за критичко размислување.
• Работното искуство или дополнителното образование во областа, исто така ќе се земе како предност.

2. Видео монтажери и Графички дизајнери, кандидатитет реба да поседуваат:
• Диплома за завршено високо образование или студенти, без ограничувања околу областа на студии
• Одлично познавање на англискиот јазик, познавање на останати јазици ќе се сметаат за предност

• Креативност, одлични комуникациски вештини, способност за лесно идентификување на поставените барањата за дизајн, високи знаења за користење на алатки за графички дизајн, (пр. Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, After Effects, Corel Draw и слични). Искуство во областа ќе се смета за предност.

Какви личности бараме:
• Посветени на работата, амбициозни, упорни и темелни
• Личности со висок личен интегритет

• Високо мотивирани и со поддршка на политиките на партијата.

Кандидатите кои ќе пројават интерес, пожелно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ или да се поддржувачи на нашите политики и стратешки определби.

Кандидатите треба да ја достават следната документација:
• кратка биографија
• мотивационо писмо (ова е одлична можност да покажете зошто токму вие сте вистинскиот кандидат)

Огласот трае до 27.08.2017 година. Биографијата и мотивационото писмо треба да се испратат по електронски пат на: konkursi@vmro-dpmne.org.mk

Сите кандидати имаат подеднаквишанси да бидат избрани, зависно од нивното знаење, личните квалитети и капацитети, искуството, успеси во минатото, покажаната креативност, мотивираност и визијата за иднината. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање. Најдобрите кандидати и тие кои ќе покажат највисоко ниво на работен ангажман, може да добијат прилика да вршат раководни функции во различните сектори на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

Лице за контакт: Надица Андреева тел +38978509774 e-mail адреса: nadicaa@vmro-dpmne.org.mk