Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Тест: Која е вистинската мајка на детето на сликата?

 
dete
Фото: elciudadano/Curiosidades

Внимателно погледнете ја сликата - на неа се наоѓаат две жени кои седат и гледаат една во друга, додека меѓу нив се наоѓа детенце на подот. Ова би требало да е доста едноставно - погодете која е вистинската мајка на детето.

Ако мислите дека тоа е жената од десната страна:


За жал, не погодивте, како ни 70% од луѓето, а тоа е поврзано со вашиот карактер.

Вашиот одговор зборува за вашите исклучителни способности, идеите ви се романтични и живописно привлечни и генијални. Исто така, поседувате креативност и имагинација. Знаете како да слушате и да делите паметни совети, поради што пријателите ве ценат, особено затоа што знаете да ги охрабрите луѓето.

Ако мислите дека тоа е жената од левата страна:

Одлична ви е интуицијата. Само 30% од луѓето успешно одговориле на ова прашање.

Одговорот открива дека никогаш не се воздржувате, секогаш барате подобро решение, не се плашите од тешкотии бидејќи знаете дека со нивно совладување ќе напредувате.

Се трудите да ги видите позитивните работи, не се плашите од ризик и промени, иако најмногу сакате да го анализирате секој детал пред да тргнете во акција. Прво мислите, а потоа дејствувате и се трудите да не повредите никого.

Одличен пријател сте, поради што постојано сте опкружени со луѓе кои знаат дека можат да се потпрат на вас.

Зошто жената од левата страна е мајката на детето?

На жената од левата страна нозете ѝ се насочени кон детето, рефлектира заштитнички став, а детето најчесто игра свртено кон правецот на својата мајка.
 
Објавено на 25.08.2017 во категорија Забава
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook