Повик за пракса во СЕГ ХОЛДИНГ - Развој на бизниси

Повик за пракса во СЕГ ХОЛДИНГ - Развој на бизниси



СЕГ Холдинг консултантска куќа
СЕГ Холдинг е растечка консултантска куќа активна во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и останатите земји од регионот. СЕГ Холдинг создаде нов модел на “направени по мерка” консултантски услуги преку посредување меѓу клиентите и најдобрите консултанти, постојано обезбедувајќи административна поддршка. Нашите проекти обезбедуваат квалитет во сите области, одржливост, постојано подобрување на постигнувањата и подобрување на организацијата. Во сите наши напори ние се грижиме за луѓето и околината во која што работиме.

За кого е наменета праксата?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, со завршено високо образование, кои имаат одлично, практично, усно, пишано познавање на англискиот јазик потврдено со резултати од ТОЕФЛ или ИЕЛТС. Потребно е одлично познавање на Word и Excel како и основни вештини за истражување и storytelling. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок, ние би сакале да ви пружиме можност да го докажете својот потенцијал преку практика (обука низ работа). По завршување на праксата, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Опис на задачи
- Анализа и систематизација на податоци поврзани со повици за финансирање од Европска Унија, УСАИД и други донатори;
- Анализа на пристап на конкуренти и анализа на нови пазари;
- Поддршка при подготовка на пријави на повици на донатори за мобилизација на фондови;
- Поддршка во промоција и продажба на советодавни услуги за подготовка на проекти.

СЕГ Холдинг има дефинирано правилник и програма за пракса-обука низ работа, вклучувајќи и воведни инструкции и постојано менторство. Повеќе инфо за СЕГ Холдинг на: www.seg- holding.com

Што ќе добие практикантот:
- Менторство при анализа, систематизација, изработка на пријави (концепти, апликации), итн.;
- Можност за бесплатно учество на обуки за мобилизација на фондови и слично;
- Пренесување на знаење од страна на нашите консултанти;
- Покриени трошоци за превоз и храна за времетраење на праксата;
- Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на главниот град.

Времетрање на праксата:
До 3.5 месеци започнувајќи од 15 септември до 30 декември 2017.

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес и задолжително скенирани потврди од тестовите на англиски јазик не постари од 3 години, на следната е-маил адреса: contact@seg-holding.com, со назнака „Апликација за пракса – развој на бизнис“, најдоцна до 11 септември 2017, до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.