Нови трејлери на филмови и серии

Нови трејлери на филмови и серии

Подготвил: Маја Пероска

Погледнете 9 трејлери за нови филмови и серии кои ќе излезат до крајот на годинава:


„Марвел: Казнувачот“



Изгледа дека серијата ќе се фокусира на предизвиците со кои се соочувал главниот лик додека бил војник. Серијата има многу човечки пристап кон супер хероите. Излегува кон крајот на годинава.

„Црно огледало“



Трејлер за новата сезона, која изгледа дека ќе биде дива и поразлична. Не се познати многу детали, освен дека во една епизода од новата сезона ќе се појави Џоди Фостер. Се очекува да има премиера во декември.

„Човечки тек“



Документарец на „Амазон“ во кој се истражува бегалската криза која се одвива низ 20-тина земји. Филмот излегува на 13 октомври.

„Силен остров“



Криминална приказна, во чиј фокус е откривање на убиство и игнорирањето на полицајците белци кон семејствата на жртвите црнци. Излегува на 15 септември.

„Американска хорор приказна: Култ“



Морничави кловнови, потсетување на вечерта на изборите и многу врескање. Новата сезона започнува на 5 септември.

„Удар – Повикот на кукавицата“



„Би-би-си“ врши адаптација на една од детективските новели на Џ.К. Ролинг. Книгата има три дела, а првиот дел кој е преточен во телевизиско шоу започнува на 27 август.

„Последното летечко знаме“



Филм на Ричард Линклејтер, драма за три виетнамски ветерани кои повторно се среќаваат после долги години за да присуствуваат на погреб од синот на едниот од нив кој се борел во Ирак. Стив Карел, Лоренс Фишбурн и Брајан Кренстон се ѕвездите на филмот. Филмот излегува на 3 ноември.

„Потрошено!“



Зад овој документарен филм стои Ентони Бордејн. Комбинација од убавината на кулинарските шоуа и анализирање на големиот проблем со фрлање на големи количини храна. Интересен пристап кон темата. Филмот излегува на 13 октомври.

„Мало зло“



Адам Скот, злобно дете, поле со пченки. Премиера 1 септември.