Викенд временска прогноза: Денес започнува климатолошката есен

Викенд временска прогноза: Денес започнува климатолошката есен

Денес е петок, 1 септември 2017 година, 244-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:53, а ќе зајде во 19:11 часот. Денот ќе трае 13 часа и 18 минути.

 
Денес започнува климатолошката есен, па и на првиот ден од климатолошката есен ќе уживаме во летните временски услови. Ова утро во Македонија имаме ведро и свежо утро.


МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес денот го започнуваме со уште едно свежо утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, температури кои што се повисоки од повеќегодишниот просек. Во текот на денот сончево и многу топло време со максимални дневни температури кои што ќе бидат во пораст достигнувајќи до 26 односно до 36 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, додека пак максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

- Во Македонија во сабота уште еден сончев и надпросечно топло ден, со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени. Промената на временската состојба ни доаѓа во недела со преодна дестабилизација на времето. Ќе биде умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели, локално и до 25 литри. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 23 до 33 степени. Во понеделник и вторник свежо утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време со пад на температурите. Во понеделник дневните температури од 18 до 28 степени, додека пак во вторник зголемување на облачноста и максимални температури од 17 до 27 степени.

Извор: weather4all.com.mk