Писмо што секој наставник треба да го испрати до родителите на првиот училиштен ден

Писмо што секој наставник треба да го испрати до родителите на првиот училиштен ден

Подготвил: Тамара Гроздановски

dete

Писмото во продолжение има неколку важни задачи. Но можеби најважно е да им се даде важност на зборовите на родителите. Родителите сакаат да се слушне и нивниот глас и да почувствуваат дека наставниците ги интересира што тие имаат да кажат за своето дете. А покрај тоа што со тоа се создава добра основа за комуникација со родителите, ова писмо ќе им помогне на наставниците да ги запознаат децата, но и самите родители.

Домашна задача за родителите

„Драги мама/тато,

Никој не го познава вашето дете толку добро како вие. Како родител можете да ми помогнете многу за подобро да го сфатам вашето дете. Затоа ве молам да направите една домашна задача.

Во некоја пригода, во текот на следната недела, кога ќе имате малку време, напишете ми писмо за вашето дете.

Можете да напишете кратка биографија во која ќе ги има сите важни информации - што сака детето, дали има некакви стравови, проблеми (здравствени или други), посебни потреби. Напишете и кои се неговите доблести, кои се неговите маани, во што е добро, што му оди послабо. Слободно напишете нешто и за вашите очекувања - од мене, од вашето дете, од училиштето. Напишете сè што мислите дека е важно, и сè што мислите дека, како учител на вашето дете, треба да го знам.

Однапред ви благодарам што ќе се потрудите да ја направите оваа важна задача, а јас сум тука за сè што би сакале да прашате. Сè што ќе напишете, се разбира, е строго доверливо“.