АПАВЕ вработува! Се бараат ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

АПАВЕ вработува! Се бараат ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ



АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ има потреба од Градежни инженери кои би се приклучиле на тимот на инспектори кои работат на проекти надвор од Македонија, со следните квалификации:

- Завршено високо образование (Дипломиран Градежен Инженер – Конструктивна насока)
- Одлично познавање на Англиски јазик – предност ќе имаат кандидатите со познавање на Француски јазик)
- Работа со компјутери - MS Office, AutoCAD, софтвер за статичка и динамична анализа на конструкции, Tower, SAP и слично.
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период
- Да поседува возачка дозвола ( Б категорија)
- Искуство во проектирање на армирано бетонски и челични конструкции

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitment.3@apave.com

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.