Како Трамп добивал улоги во серии и филмови во текот на 90-тите?

Како Трамп добивал улоги во серии и филмови во текот на 90-тите?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

трамп
Фото: Printscreen/Youtube

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп се има појавено во голем број филмови и серии од 90-тите години.

Во вториот дел од „Сам дома“, Кевин Мекалистер влегува во њујоршкиот хотел „Плаза“ и прашува еден човек каде е лобито. Човекот е Доналд Трамп - некогашен успешен бизнисмен и денешен американски претседател.

Мет Дејмон во интервју тврди дека сцената не била ни во сценариото на филмот. Вели дека секојпат кога продуцентите сакале да снимаат филмови во некои од многуте објекти што ги поседува, тој поставувал услов - да се напише посебна сцена за него.

„Мартин Брест мораше да напише сцена за „Мирисот на жената“. Морале да потрошат еден час за да ја снимат сцената со Трамп, во која Трамп влегува и Ал Пачино вели: ’Здраво, г. Трамп!‘ Мораше да му го каже името“, вели Дејмон.