Новиот „ајфон 8“ нема да го носи тоа име?

Новиот „ајфон 8“ нема да го носи тоа име?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Најверојатно за некоја недела „Епл“ ќе ги претстави новиот „ајфон 8“, „7 Ес“ и „7 Ес Плус“. Но, дали таков назив ќе имаат новите модели, не е баш сигурно.


Се појавија шпекулации дека компанијата во последен момент ќе ги промени имињата под кои ќе се продаваат новите модели на популарни паметни телефони.

Па така, „ајфон 8“ наводно ќе стане „ајфон икс“, а римската бројка во името ќе ја одбележи 10-годишнината од претставувањето на првиот паметен телефон кој стана масовно прифатен и глобално популарен. Моделот „ајфон 7 Ес“ би станал „ајфон 8“, а „7 Ес Плус“ би бил „8 Плус“.

Според друга шпекулација, новото перо ќе се нарекува „ајфон едишн“, додека другите два модела ќе ги преземат имињата „8“ и „8 Плус“. Тие шпекулации не се новост бидејќи беа меѓу првите што се слушнаа за годинешното издавање на смартфонот на „Епл“.
Дали има вистина во нив, ќе се дознае на 12 септември, кога ќе бидат претставени новите уреди, кои би можеле безжично да се полнат, да немаат рамка на екранот и да бидат навистина скапи.