Скопјанец пред неколку години продаде десет биткоини и заработи 200 долари, денес ќе заработеше 40.000 долари

Скопјанец пред неколку години продаде десет биткоини и заработи 200 долари, денес ќе заработеше 40.000 долари

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска

Биткоинот е виртуелна валута. Со него може да се тргува на берза исто како со американски долари, евра, јени... Во повеќе земји во светот веќе се поставуваат биткоин банкомати од кои може да се извлечат реални пари, (со размена на курс – биткоин во валутата која се повлекува)



„Познавам човек кој пред неколку години продаде десет биткоини и заработи 200 долари. Да ги продадеше денес, ќе заработеше 40.000 долари“, ја почнува приказната И.Л. од Скопје. Да, постои начин компјутерот да работи, вие да не правите скоро ништо, а сепак да заработувате.

Што е биткоин, колку се Македонците информирани за овој сѐ почесто спомнуван термин за кој нашите банкари имаат различни ставови. И додека Народната банка на Република Македонија постојано им укажува на граѓаните да бидат внимателни со работењето со криптовалутите, потенцирајќи дека во Македонија тоа е нелегално, деновиве се огласи и поранешниот гувернер, професорот Љубе Трпски кој смета дека оваа голема новина во монетарниот сектор не смее да се игнорира.

- Кога се случува информатичка револуција, глобална комуникациска поврзаност и сѐ поголемата моќ на компјутерите, дигиталните валути допрва ќе стануваат сѐ поголем дел од секојдневието. Наместо да се игнорира овој нов феномен, треба да се проучува. Наместо да забрануваат нешто што ќе биде неминовна реалност, подобро е Владата и Народната банка да се фокусираат и да вложат во развивање на технологијата и да се проучат можностите за нејзината примена – коментираше деновиве Трпески.

За секоја криптовалута потребна е различна технологија

И.Л. смета дека Македонците се прилично упатени во поимот „криптовалута“.

- Лично познавам многу луѓе кои „минираат“, некои имаат поголемо познавање, други се почетници. Сепак, колку-толку, знаат за што се работи – вели тој.

„Биткоин“ е термин кој сѐ почесто се слуша и употребува. Што е всушност биткоин? Станува збор за криптовалута (виртуелна валута) која ја прифаќаат сѐ повеќе земји во светот.

- По дефиниција е дигитална валута со техника на енкриптирање, која се користи за трансфер на фондови (пари) независно од централната банка – објаснува нашиот соговорник.

Прашувам како настанува биткоинот, како се создава?

- Новите биткоини се генерираат со процес кој се вика „минирање“. Просецот е така формиран што секој што „минира“ добива награда од мрежата за услугите – вели тој.

Има повеќе различни криптовалути. За создавање на секоја од нив потребна е различна технологија, објаснува И.Л.
- На пример, за минирање на биткоин се користи специјален хардвер наречен ASIC (Application-specific integrated circuit) минер бидејќи со самото правење на mining rig од графички, се добива многу малку за возврат.

Наградата од мрежата (за биткоин) ги надоместува трошоците за струја, но не и за хардверот. Се разбира, во секоја земј е различно бидејќи центата на струјата секаде е различна. За минирање на алткоин е потребно графичка картичка AMD (срија 4xx (470 480) i 5xx (570 580) ) или Nvidia (серија 10xx) со кои се постигнуваат најдобри резултати и стандарден минимален процесор, 4GB работна меморија и матична плоча со повеќе приклучоци за графички картички (PCI E) – објаснува И.Л.

Можеш ли да се збогатиш?

Биткоинот може да се претвори во кеш, а биткоин банкомати може да се најдат на следниот сајт: https://coinatmradar.com/

На прашањето може ли со биткоинот да се тргува, да се купуваат материјални нешта, нашиот соговорник вели:

- Биткоинот е виртуелна валута. Со него може да се тргува на берза исто како со американски долари, евра, јени... Во повеќе земји во светот веќе се поставуваат биткоин банкомати од кои може да се извлечат реални пари, (со размена на курс – биткоин во валутата која се повлекува). На пример, има повеќе берзи на кои моќе да се размени биткоин во друга валута, како Poloniex, Bittrex, Kraken ... Биткоин банкомати може да се најдат на https://coinatmradar.com/ - вели И.Л.

Во сета оваа работа, можеби нејинтересен момент е цената на биткоинот и како таа расте низ годините.

- Познавам луѓе кои пред неколку години продадоа десет биткоини и заработија 200 американски долари. Да го стореа тоа денес ќе имаа околу 40.000 долари – вели И.Л.

На прашањето, дали од создавањето на криптовалути можете да се збогатите, тој вели:

- Секако, но тоа зависи од повеќе фактори. Колку биткоини имате, цената на биткоинот во моментот на размена (која секако варира дури и по неколку проценти во текот на денот), дали имате доволно mining power за генерирање на биткоин или дали претварате од други криптовалути во биткоин. И тука сѐ зависи од курсот кој е променлив во секоја минута, односно секунда.