Атлантик Група вработува нова генерација на учесници во програмата Graduate Trainee

Атлантик Група вработува нова генерација на учесници во програмата Graduate Trainee

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И СТАНЕТЕ ИДНИТЕ “КРУПНИ РИБИ”!
Атлантик Група вработува нова генерација на учесници во програмата Graduate Trainee


 
Атлантик Група, една од водечките регионални компании, во рамките на својата програма Atlantic Graduate Trainee прима неодамнешни дипломци и им дава можност да стекнат вредно искуство и да остварат одлични деловни контакти. Секоја година избраните учесници на програмата поминуваат низ многубројни оддели во компанијата и преку врвно менторство се запознаваат со вистинските бизнис води истражувајќи ги областите од бизнисот кои најмногу ги интересираат.
 
Оваа година новитет во програмата е "Ask The Right Question" – процесот на избор во кој акцентот ќе биде на потрагата по најхрабрите и најљубопитните кандидати. Како еден од клучните и финални задачи ќе биде поставување на било кое прашање на било кој вработен од било кој оддел во компанијата – од производна линија до управен одбор. Наместо да даваме на памет научени клише одговори за тоа како нашата единствена маана е перфекционизмот ;), Атлантик ни дава можност да ја искористиме својата креативност. Кул зарем не?
 
"Вистинските лидери, менаџери и иноватори се способни да постават тешки, клучни прашања и така да го извлечат најдоброто од своите колеги во наоѓањето на решение. Со овој конкурс во нашата мрежа сакаме да уловиме токму такви риби." – додаваат од Атлантик Група, отсекогаш познати по тоа што на младите им нудат морe од можности.
 
Конкурсот е отворен до 20.9., а можете да се пријавите и да дознаете повеќе на www.atlanticgrupa.com/question-everything