Оглас за вработување во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ

Оглас за вработување во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ бр. 62/05. 1 06/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 106/14, 113/14, 145/14 и 167/15) и член 26 од Законот за Македонската академија на науките и уметностите („Службен весник на РМ„ бр. 13/1996, бр. 5/2009 и бр. 59/2012)
Македонската академија на науките и уметностите објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на едно лице за работко место помлад референт сметководител на неопределено време

1 Помлад референт сметководител 1 (еден) извршител на неопределено време.

Покрај општите услови предвидени во Закон, кандидатот треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
-средно образование (четиригодишно средно образование, економска насока),
-оспособеност за работа со компјутер,
- без работно искуство.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7. 00 - 15. 00 часот).

Согласно член 23 од ЗРО се објавува:
- Висина на основни месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 13. 158, 00 денари.

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за организација и за систематизација на работните места во Македонската академија на науките и уметностите, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување:

- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствана способност и
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.
Заинтересираните кандидати лотребно е да достават мотивационо писмо, лична биографија (цв) на македонски јазик, докази за исполнување на посебните услови и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати за трите работни места ќе се спроведе поединечно интервју. Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонската академија на науките и уметностите, Бул. „Крсте Мисирков, бр. 2 Скопје во рок од 5 (пет) работни дена од објавувањето на јавниот оглас. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.
МАНУ