Се бараат: Администратори / комерцијалисти во одделот за администрација и логистика
]
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од
Администратори/Комерцијалисти кои ќе се придружат на нашите тимови во Одделите за Администрација и Логистика - оддели одговорни за планирање и организација на проекти низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија, организирање на логистика на персонал, секојдневни административни и логистички активности, поготовка на комерцијални понуди и апликации при учество на тендерски надавања, набавки итн.
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Одличен англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
Како предност ќе се сметаат:
- Работното искуство во областа на администрација и логистика
- Интернационална комуникација
Сите заинтересирани за работа во меѓународна компанија и динамична средина треба да испратат кратка биографија до:
recruitment.3@apave.com
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.