Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Највалканите работи што постојано ги допираме

 
Едни од најважните работи што ги учиме како деца се хигиената и потребата од често миење на рацете. Тоа е одлична превенција од ширењето зарази. Особено е важно рацете да се мијат кога сте во контакт со новороденче или со потенцијално ранливи постари возрасни лица.

фото извор: Jeremy Bishop / Unsplash

Миењето на рацете е исто така важно бидејќи во текот на денот се соочуваме со шокантна бројка на валкани површини. Ова се неколку од нив:

Кујнскиот сунѓер

Изгледа дека она со кое ги миете садовите е преполно со бактерии. Се смета дека сунѓерчето е една од највалканите работи во кујната. Сунѓерите се обично топли и влажни, а имаат и остатоци од храна на нив, па затоа се идеално место за собир на бактерии. Се препорачува сунѓерчето постојано да се чисти и кога се мијат садови да се бришат рацете, а не се исклучува и советот по миењето на садовите да ги измиете рацете со сапун.

Вашиот кревет

Луѓето многу се потат, па креветите се топли и влажни, што повторно доведува до фактот дека се добра површина за развој на бактерии. Честичките од нашата кожа преминуваат на чаршафите заедно со сето друго што ќе биде допрено до креветот во текот на денот. Се препорачува еднаш неделно да се пере постелнината.

Рачките на количката за купување намирници

Ешерихија коли. Кога луѓето одат во маркет да купуваат производи, најчесто се со неизмиени раце во моментот. Ги допираат производите, па пренесуваат бактерии од своите раце и на количката. Најмногу на рачките била најдена бактеријата ешерихија коли.

Кваки од врати

Работите што често се допирани од многу луѓе се легла на бактерии. Тоа е и случај со кваката од врата, особено ако често не се чисти. На кваките често биле пронаоѓани бактерии, а за многумина да дојдат во контакт со бактериите, потребни се само 4 часа.

Држач за четка за заби

Откако забите се измиени, четкичката повторно се враќа во држачот во тоалетот. Во исто време, воздухот во тоалетот е преполн со бактерии. Држачот ги впива бактериите и со тоа тие се пренесуваат и на четката за заби. Се препорачува редовно чистење.

Можеме многу да направиме за да дејствуваме против ширење на заразите. Редовната хигиена е на прво место, а на оние што не се чувствуваат добро и страдаат од настинка, им се препорачува да не одат на работа додека не бидат подобри за да не шират бактерии. Особено е важно да се чистат работните површини и на работното место, а и во домовите. И, се разбира, редовно да се мијат рацете.
 
Објавено на 08.09.2017 во категорија Наука
Подготвил: Маја Пероска / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook