Што сѐ уништи ураганот „Ирма“ во рок од неколку часа?

Што сѐ уништи ураганот „Ирма“ во рок од неколку часа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

ураган
Фото: WxCyrena

Фотографиите во продолжение покажуваат што направи ураганот „Ирма“, кој се движеше со брзина од 297 километри и стигна до Карипските Острови за само неколку часа.

Фотографиите пред и потоа од некои од најтешко погодените острови откриваат како аеродромите, луксузните хотели, баровите и целата марина беа уништени од бесните ветрови во раните утрински часови во средата.

Фотографиите се појавија како што Ирма продолжила со своето уништување откако удрила во Ангила, Барбуда, Сен-Бартелеми, Св. Мартин и Британските Девствени Острови. Тие ја покажуваат големината на штетата на туристичките места во Св. Мартин, каде што најмалку осум лица загинале.