Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Креативен млад Британец направи облека што расте заедно со детето

 

Облека што расте со децата
(Фото: Twitter)


Дваесет и четиригодишниот дипломец на Кралскиот колеџ за уметност, Рајан Јасин, неодамна ја доби наградата „Џејмс Дајсон“ во областа на индустрискиот дизајн и инженерското проектирање.

Несомнено на Рајан ќе му бидат благодарни многу родители бидејќи неговиот труд е наменет за децата од четири месеци до три години, период во кој децата најбрзо растат, а родителите мора постојано да купуваат облека. Благодарение на колекцијата за детска облека „Пети Пил“ што ја изработи Јасин – детето ќе може целиот тој период да носи исти панталони, кошули, маици, јакни или комбинизони – од првите месеци до поаѓањето во јасли.

Тајната лежи во посебен синтетички материјал чија структура Рајан ја спореди со оригамите. Ткаенината се собира и се растегнува со растењето на детето, а притоа се задржува во првобитната форма и крој. Облеката е предвидена за активна игра во надворешни услови, бидејќи не пропушта вода, не ги попречува движењата, врз неа не се лепи прашина, дише, отпорна е и одлично поднесува многубројно машинско перење. Згора на тоа, оваа облека е толку компактна, во случај на нужда, може лесно да се соблече и да се прибере во џебот на родителите.

За да ја изработи оваа чудесна ткаенина, на Рајан му беше потребна една година. Според зборовите на младиот креатор, иако сè уште не е родител, има многу активни внуци и затоа многу добро ги разбира проблемите со кои се соочуваат родителите. 


Expansion Technology. Clothes that grow with your child.

A post shared by Petit Pli - Clothes That Grow. (@petit.pli) on

Clothes that grow with your child. #petitpli #rcashow2017 #rcashow

A post shared by Petit Pli - Clothes That Grow. (@petit.pli) on

Petit Pli's front panel is designed to point down, no crumbs collected. #petitpli #attentiontodetail

A post shared by Petit Pli - Clothes That Grow. (@petit.pli) on

 
Објавено на 09.09.2017 во категорија Култура
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook