Научниците конечно ја дешифрирале „ѓаволската порака“ од 17 век

Научниците конечно ја дешифрирале „ѓаволската порака“ од 17 век

Подготвил: Тамара Гроздановски

порака
Фото: Wikimedia Commons

Едно од најмистериозните криптични писма што потекнува од 17 век, за кое се претпоставува дека било „ѓаволско писмо“, сега е конечно дешифрирано со помош на алгоритам на темната страна на интернетот.

Морничавото писмо наводно било напишано од сестра Марија Кроцифиса дела Консеционе во 1676 година после бизарен настан во кој сестрата се разбудила, а нејзиното лице било прекриено со мастило.

Сестрите од манастирот биле убедени дека пораката била производ на некој вид демонско влијание, бидејќи писмото било напишано со комбинација на неколку букви од азбуките на различни јазици, и тие не можеле да го прочитаат.

Во наредниот период од 341 година, низа академци, окултисти и криптографи се обиделе да го декодираат писмото, меѓутоа, никој не успеал.

Сепак, неодамнешен истражувачки проект во Италија се чини дека конечно ја реши мистеријата, утврдувајќи го значењето на 15. линии текст.

Неверојатно, тимот успеал да ја дешифрира пораката со користење компјутерски алгоритам кој го користат разузнавачките служби, добиен од „темната мрежа“.

„Дознавме за софтверот за кој веруваме дека е користен од разузнавачките служби за дешифрирање тајни пораки. Го споредивме писмото со неколку азбуки, меѓу кои и грчката, арапската, латинската, за да го дешифрираме и да ја откриеме ѓаволската порака“, вели директорот на центарот, Даниел Абате.

Во писмото Бог, Исус и Светиот Дух се споменуваат како „мртов товар“ и саркастично се заклучува: „Бог мисли дека може да ги ослободи смртниците“, додавајќи дека „овој систем не работи за никој“.

Во писмото се тврди дека Бог и Заратустра всушност се измислени од човекот.

„Верувам дека калуѓерката добро ги зборувала јазиците, што ѝ овозможило да го измисли кодот, а поради шизофренијата, си замислувала разговори со ѓаволот“, вели Даниел Абате.