Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Прв чекор во решавање на посттрауматскиот стрес

 
спомени

Процените покажуваат дека 8 отсто од населението ќе доживеат посттрауматско стресно нарушување некогаш во животот. Ова нарушување се случува после некое трауматично искуство, како што е напад, несреќа или ужаси од војна. Дури и најмалиот активирач може да натера човек да се чувствува како повторно да ја преживува траумата.

Одредени видови терапија може да ја олеснат емоционалната реакција на човекот на споменот, но што ако може целосно да се избришат трауматичните сеќавања? Ова е потенцијално ветување на тимот од Риверсајд од Универзитетот во Калифорнија, кој тврди дека успешно ги избришал сеќавањата на стравот кај глувците.

Во 2014 година истражувачите успешно спречиле кај глувците да се појави страв преку комбинирање лекови што ги зајакнуваат мемориските врски со терапијата - ставајќи го животното во ситуација што предизвикува страв, но без да се случува ништо страшно.

Во 2017 година тимот од Универзитетот „Колумбија“ открил дека мозокот одржува асоцијативни спомени со различен протеин што го користи за одржување на асоцијативни сеќавања, што може да доведе до лекови дизајнирани да ги ослабнат поттикнувачките спомени. Но тимот од Риверсајд е првиот што всушност ги посочува индивидуалните спомени и ги брише без лекови и терапија.

За да ги исчистат сеќавањата, научниците се потпреле на оптогенетиката, техника која на клетките им воведува гени што создаваат светлореактивни протеини. Откако ќе влезат, истражувачите можат да ги насочат овие индивидуални клетки со светлина за да влијаат врз нивното однесување. Во експериментот тие вклучиле глувци кои биле генетички модифицирани за да ги испитаат начините на кои некои неврони се поврзувале за да формираат спомени во мозокот и им пуштиле високи и ниски тонови. Кога научниците пуштале високи тонови, на нозете на глувците им пуштале електричен шок. Глувците наскоро научиле да се плашат од високите тонови.

Кога ги испитале мозоците на глувците, откриле дека мемориските врски за високите тонови се многу посилни од оние за пониските тонови. Дури и по намалувањето на одговорот на страв кај некои глувци, и покрај постојаното свирење на тон без шок, кај глувците врските останале, покажувајќи дека терапијата за страв не е долгорочно решение за посттрауматскиот синдром.

За вистински да ги ослабнат врските, тие користеле оптогенетика за да ги изложат врските со високиот тон и ниската фреквенција на светлина. И почнало да функционира: глувците престанале да се плашат од високите тонови.

Колку е применливо за луѓето, останува да покаже иднината, бидејќи ова што го направиле истражувачите не може да се примени врз луѓето. Оптогенетиката генерално се смета за неетичка кај човечките пациенти бидејќи вклучува инјектирање вирус за да се измеша со гените. Но самиот факт што може да се направи ветува многу и може да биде прв чекор кон решавање на посттрауматскиот стрес.
 
Објавено на 10.09.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook