ЦИА користи вештачка интелигенција за да собира податоци од социјалните мрежи

ЦИА користи вештачка интелигенција за да собира податоци од социјалните мрежи

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

ЦИА бара големи количини податоци, собрани од различни видови извори, за да ги комплетира своите истраги. Напредокот и развојот на технологијата и компјутерите го забрзале и го олесниле тој процес, но некогаш и модерните технологии може да одземат време. Сепак, модерните методи не се ништо во споредба со она што може да го направи вештачката интелигенција.


Во моментов ЦИА користи 137 различни проекти кои се засновани на вештачка интелигенција. Во тие програми се вклучени и социјалните медиуми, па голем дел од собраните податоци што ги користи агенцијата доаѓаат од социјалните медиуми. Тоа не е чудно за ЦИА, но со вештачката интелигенција работите се одвиваат поинаку, односно различна е брзината на собирање информации.

Експертите сметаат дека со ваквите методи заштедуваат многу време, а се разбира дека сето она што се применува со помош на вештачката интелигенција е далеку поефикасно од досегашните методи.

Додека земји како Русија се далеку зад САД во однос на вештачката интелигенција, очигледно е дека има глобален развој на ова поле, воопшто. Креирањето технологија која за кратко време има способност да собере, распореди и анализира податоци е нешто што би било од голема помош за човештвото. Како што Владимир Путин неодамна истакна: „Оној што ќе стане лидер во оваа сфера, ќе биде владетел на светот“.