Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

„Јутјуб“ конечно ја активира најбараната опција од корисниците

 
јутјуб

Корисниците на „Ајос“ и „Андроид“ долго време ја чекаа оваа апликација од „Јутјуб“.

Корисниците на овие платформи најмногу ја бараа опцијата што „Гугл“ дури сега им ја овозможи - избор на брзината на репродукција на видеото. Оваа опција е со години достапна за десктоп-компјутерите, а од 10 септември ќе биде достапна и за корисниците на јутјуб-апликации на споменатите платформи.

Интервалот со кој ќе може да се забави, односно забрза репродукцијата на снимката е од 0,25х до 2х, а овозможената опција ќе биде достапна за сите  корисници на „Ajoс“ и за корисниците на оперативниот систем „Андроид 5.0“, како и понов оперативен систем.

„Во текот на забрзувањето или забавувањето на репродукција го усогласуваме бројот на рамки во согласност со звукот на видеото. Видеоснимките не се нужно сортирани хронолошки, па за видеото да остане синхронизирано со звук, видеодекодерот мора да работи побрзо од рамката во која се прикажани сликите на видеото“, објаснува „Гугл“.
 
Објавено на 11.09.2017 во категорија Технологија
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook