Џонсон Мети вработува! Се бара Инженер за поддршка на процеси
Реф.бр. 320177
Оглас за работа : ИНЖЕНЕР ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЦЕСИ
(Process Support Engineer)
Локација: Clean Air, Macedonia
Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Инженери за поддршка на процеси (Process Support Engineer) кои ќе му се придружат на нашиот тим за поддршка на процеси во фабриката за автокатализатори во Скопје.
Главни одговорности :
• Tехничка поддршка на тимовите во производство
• Одржување на врска меѓу локалното производство и нашиот Оддел за технологија лоциран во Обединетото Кралство
• Претставување на нови производи во фабриката
• Идентификување, планирање и имплементација на технички активности за континуирано подобрување
• Водење грижа сите прашања /проблеми поврзани со поддршката на процесите да бидат целосно испитани, како и документирани, превземање и имплементација на корективни мерки
• Водење на проактивна комуникација со сите оддели ( Производство, Магацин, Квалитет, Лабораторија, Одржување, ИТ) со цел осигурување на навремено доставување информации кои може да се спречат загуби на компанијата
• Обезбедување проактивен и одговорен пристап кон правилaта за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?
• Пожелна е универзитетска диплома (од областа на хемиско инженерство или слично), но не е неопходна
• Идеално 2-3 години работно искуство во производствена средина со хемиски процеси
• Само-мотивираност со одлични комуникациски способности и воспоставување на ефикасни работни односи
• Способност за работа под притисок и со куси временски рокови
• Ефикасни организациски и планирачки способности
• Силна волја за учење и примена на нови способности со одржување на високо ниво на прецизност и квалитет во работењето
• Флексибилност и способност за брза реакција на променливи деловни потреби
• Способност за работа со Microsoft Office
• Течно зборување и пишување македонски и англиски јазик
Работно време: сменска работа (I:06.00-14.00ч; II:14.00-22.00ч; III: 22.00-06.00ч)
Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 19 Септември 2017
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување