Оглас за вработување во Џонсон Мети: Координатор за безбедност во Одржување
Реф.бр. 2017131
Оглас за работа: Координатор за безбедност во Одржување
(Maintenance Safety Coordinator)
Локација: Clear Air, Macedonia
Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети Скопје има потреба од Координатор за безбедност во одржување / Maintenance Safety Coordinator кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје. Идеалниот кандидат со неговата посветеност во работата ќе придонесе во остварување на целите на тимот и подобрување на работната средина во Одделот.
Главни одговорности :
• Поддршка на тимот при имплементирање на проектите на безбеден начин
• Бара решенија и алтернативи секогаш кога постои проблем поврзан со безбедност и здравје при работа
• Организира редовни проверки на опремата според законските барања
• Организира и врши контрола при одржување на системите за алармирање и противпожарна заштита
• Организира активности за да се осигура целата инфраструктура да е во добра работна состојба
• Координација на активностите за превентивно одржување заедно со ППМ координатор
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?
• Универзитетска диплома од Електро или Машински факултет
• 2 години работно искуство на слична позиција и во производствена средина ќе се смета за предност
• Значително познавање на ризици по безбедност на работно место и мерки на претпазливост
• Одлична комуникација и вештина за решавање конфликтни ситуации
• Развиени аналитички способности, работи со рокови и детали
• Високо познавање на англиски јазик
Ваша биографија и писмо за мотивација испратете на следнава e-mail адреса:
mkjobs@matthey.com Задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Внатрешните кандидати задолжително да го информираат нивниот непосреден супервизор/менаџер за нивната намера за аплицирање.
Краен рок за аплицирање:
19 Септември 2017
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување