Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 19.09.2017
 

УГД вработува! Отворени се 3 (три) работни места, нето плата до 800 денари / час

 
Врз основа на член 54, 63, 64, 125, 131, 132, 133, 134 и 142 од Законот за високото образование, член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" - ШТИП
Распишува
КОНКУРС
за избор на наставници на единиците во состав на Универзитетот

1 ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
1. 1 Наставник во насловно звање Насловен доцент/ Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: -Гинекологија и акушерство - (1 извршител) за време од пет години

1. 2 Наставник во насловно звање Насловен доцент/ Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: -Торакална хирургија -
(1 извршител) за време од пет години

2. ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА
2. 1 Наставник во насловно звање Насловен доцент за наставнонаучната област:
-Информатика и Вештачка интелигенција и системи - (1 извршител) за време од пет години
Критериуми за избор:

За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, просечен успех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, објавени најмалку четири научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или два научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, постигнувања во примената на истражувачките резултати и способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип

-За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, учество во научноистражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати, придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип

-Афирмирани научници, стручњаци од практиката и уметници на високообразовна установа, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, a за кои нема слободно место за избор во наставнонаучно, односно наставничко звање можат да се избираат во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапките утврдени со Законот за високото образование. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

Кандидатот кој ќе биде избран за наставник на Факултетот за медицински науки (точка 1 1 и 1 .2), ќе го задржи работното место во здравствената установа во која е вработен, a согласно договор ќе обавува настава на Универзитетот „Гоце Делчев" -Штип (член 133 од Законот за високото образование).
-Основна нето плата за: Насловен доцент 700, 00 ден. /час; Насловен вонреден професор - 800, 00 ден. /час;

Потребни документи за кандидатите за избор во наставни и наставнонаучни звања:

-пријава;
-диплома за завршено соодветно образованиеза одбранет докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
-Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
-кратка биографија (во четири примероци);
-список на објавени научни и стручни трудови
-по еден примерок од трудовите;
-потврда дека се служи со еден од светските јазици
-препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборотза кандидатите за избор во доцент;
-еден примерок од докторскиот труд;
-уверение за државјанство;
Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 13 1 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на:
Факултет за медицински наукиКлиничка болница Штип ул. „Љубен Иванов" бр. 25 (Одделение за педијатрија); тел. 032550400;

Факултет за информатика ул. „Гоце Делчев" бр. 89, Штип; тел. 032550100

Некомплетните документи нема да се разгледуваат
date-icon Активен до: 19.09.2017
 
Објавено на 12.09.2017 во категорија Вработување
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Вработување