Идната генерација на ЕВН

Идната генерација на ЕВН

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN. Во изминатите 10 години ЕВН вработува млади инженери кои внесуваат свежа и позитивна енергија во нашата компанија, Ве покануваме да станете дел од

Идната генерација на ЕВН

КОГО бараме?
Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи кои се отворени, посветени, дисциплинирани, со желба за учење и големи достигнувања. Од нашите идни колеги/шки очекуваме конструктивен пристап и способност да се прилагодат на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во Македонија.

ШТО нудиме?
Работа на интересни проекти и работни задачи под водство на експерти на ЕВН во рамки на кои ќе ги развиете Вашите професионални вештини во повеќе области. Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри и централни оддели каде ќе Ве обучиме и подготвиме за идните предизвици.

Програмата трае 18 месеци и вклучува ротации во различни делови на организацијата, секоја со конкретна цел, обврски и предизвици. За време на програмата ќе обезбедиме предуслови за развој на Вашиот потенцијал и ќе го овозможиме Вашиот професионален и личен развој.

Ве охрабруваме да го инкорпорирате Вашето знаење и позитивен став во нашата компанија. Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен почеток на Вашата кариера.

КАКО да аплицирате?
Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за предвидени и положени испити на work@evn.mk или на http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx најдоцна до 06.10.2017.