Оглас за вработување во AGRICOM...Отворени се 3 (три) работни места

Оглас за вработување во AGRICOM...Отворени се 3 (три) работни места



ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА
Позиција: Специјалист за продажба (3 извршители)




AGRICOM како компанија е формирана во декември 2014 година и работи на УВОЗ и ДИСТРИБУЦИЈА на продукти за исхрана и заштита на земјоделски култури. Компанијата е една од најмладите во Македонија но со евидентен силен раст во последните 3 години.

AGRICOM со своето делување е посветенa и инволвирана во процесот на унапредување на земјоделското производство, притоа задоволувајќи ги исклучително високите стандарди на квалитет на  продуктите кои ги работиме. Нашето порфолио вклучува производи за ѓубрење, прихрана и заштита на растенијата од реномирани производители од САД, Шпанија, Јапонија и Индија. Посветени сме на директна комуникација со нашите клиенти за продажба и советодавни услуги.

AGRICOM за потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, го проширува својот тим. За таа цел отвара 3 нови работни позиции - Специјалист за продажба, кои ќе делуваат на територијата на градовите :

    -Скопје (со можност за Тетово и Куманово)
    -Струмица и околните населени места
    -Гевгелија и околните населени  места

, со доленаведениете спецификации.

БАЗИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
•    Времетраење на договорот: 6 месеци (со можност за продолжување);
•    Официјален старт на работната позиција: 1ви Номври, 2017 година;
•    Работно време: 8 часа/дневно (Понеделник - Петок)

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА и КВАЛИФИКАЦИИ
•    Завршена Високо образование - дипл.инж.агроном
•    Возачка дозвола - Б категорија
•    Продажни вештини и работа на терен
•    Идентификување на нови бизнис можности и потенцијални клиенти

ЛИЧЕН ПРОФИЛ
•    Одлични комуникациски и презентациски способности;
•    Претходно работно искуство во доменот на продажба или слична дејност ќе се смета за предност при процесот на селекција;

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
•    Ваша професионална биографија (CV на македонски);
•    Финален рок за аплицирање: 25ти Септември, 2017 година;
•    Апликациите за работната позиција да се да се доставуваат на e-mail адресата gorgi@agricom.mk

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.