Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Вивиен Вествуд: „Ова е мојот најдобар совет за младината!“

 
vivien
Фото: Printscreen/Facebook

Во период од пет децении, Вивиен Вествуд поминала долг пат од панк-провокаторка до омилена британска модна креаторка и олицетворение на антимодата. Нејзините креации се доказ дека облеката може да биде многу повеќе од предмет - и да стане вид револуција, протест, бунт и став.

Панк-бабата, како што ја нарекуваат помладите генерации, е екстравагантна, необична и без влакна на јазикот, и денес е неизоставен дел од панк-облекувањето.

Токму поради нејзината богата биографија и јасниот став (меѓу другото, таа е противник на капитализмот и има учествувано во многубројни кампањи за борбата против гладувањето), интересно е што има да каже во нејзиното најново видео што го објави.

На нејзината омилена маица има натпис што всушност е и нејзината порака, и тоа е, како што самата вели - најдоброто нешто што некогаш го рекла. На своите фанови им препорачува и тие оваа реченица да ја напишат на нивните маици, а реченицата вели: „Купувајте помалку“.

 
Објавено на 14.09.2017 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Живот