Во оваа земја секој жител има по 185.000 долари државни пари

Во оваа земја секој жител има по 185.000 долари државни пари

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Познатиот норвешки нафтен фонд конечно ја достигна границата од 1 билион долари.


Фондот е основан во 1998 година за да ја чува заработката од продажбата на нафта за идните генерации. Сега вреди 250% од норвешкиот БДП, додека проекциите порано покажуваа дека тој процент до 2020 година ќе биде 130%.

Тоа значи дека секој жител на земјата, без разлика дали се работи за мажи, жени или деца, има по околу 185 000 американски долари.

На веб-страницата на норвешкиот инвестициски фонд е напишано: „Работиме за да ја зачуваме и изградиме финансиската благосостојба за идните генерации“.

За самиот фонд исто така е напишано: „Владиниот глобален пензиски фонд се чува за идните генерации. Еден ден нафтата ќе исчезне, но враќањето на фондот ќе биде продолжение на просперитетот за норвешките граѓани“.