Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

За сите оние што ги негираат климатските промени...

 
promeni
Фото: Printscreen/Facebook

Климатските промени се вистински и тие се длабоко загрижувачка закана за светот.

Согорувањето на фосилните горива, меѓу другите фактори, полека ја затоплува планетата на опасно ниво. Често цитирана бројка е тоа што 97,1 отсто од научните истражувања го поддржуваат ставот дека климатските промени се реални и предизвикани од луѓето.

Но едно неодамнешно истражување ги разгледа тие 2,9 отсто од истражувањата што негираат дека климатските промени се предизвикани од човекот и пронајде загрижувачки недостатоци.

Атмосферскиот научник Кетрин Хејхо напиша извонреден пост на нејзиниот фејсбук-профил поврзан со истражувањето.



„Во текот на изминативе 10 години најмалку 38 трудови беа објавени во рецензирани списанија, секое од нив покажувајќи различни причини зошто климата не се менува, или ако се менува, тоа било не по вина на човекот или пак не било лошо.

Истражувањата не се потиснати и може секој да ги најде.

Затоа ги зедовме овие трудови - и благодарение на натчовечките напори на мојот колега Расмус Бенестад - повторно ги анализиравме нивните анализи. Од почеток.

Знаете што пронајдовме?

Секоја од овие анализи имаше грешка - во нивните претпоставки, во методологијата или анализата - а кога беа коригирани, резултатите се најдоа во согласност со научниот консензус.

Реално е, ние сме, и сериозно е.

Истражувањето открива дека некои научници не се замарале и користеле несоодветни методологии за да ги постигнат своите заклучоци.

Едно истражување се обиде да ги обвини орбиталните циклуси на Јупитер и Сатурн и како тие го предизвикале глобалното затоплување.

На прашањето дали оригиналните автори ќе ги објават корекциите од нивните истражувања, Хејхо едноставно вели:

 
Објавено на 14.09.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Наука