Заканите врз нашето здравје во наредните 10 години според Бил Гејтс

Заканите врз нашето здравје во наредните 10 години според Бил Гејтс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

gejts
Фото: Reuters

Бил и Мелинда Гејтс го објавија нивниот прв годишен извештај „Goalkeepers“ во кој ги прославуваат клучните пресвртници во јавното здравство и ги прегледуваат прашањата кои сè уште се доста важни.

Реализирањето на целите вклучува значителен пад во смртноста кај децата и стапките на ХИВ-инфекцијата, додека тековните борби вклучуваат планирање на семејството и еднаквост на жените.

На неодамнешниот конференциски повик со новинарите, Бил Гејтс ги именуваше заразите и хроничните болести како двете најголеми грижи за јавното здравје во наредната деценија.

„Хроничните болести, вклучувајќи ги и дијабетесот и Алцхајмеровата болест, невролошките состојби, сè повеќе стануваат голем проблем. Во многу земји во развој има заразни болести без разлика дали станува збор за маларија, дијареја, пневмонија, туберкулоза, ХИВ - сите овие сè уште се во голем број“, вели Гејтс.

Многу од хроничните болести што можат да се најдат во развиените земји или земјите во развој потекнуваат од факторите на животната средина, а некои од нив се слабо сфатени.

Во земјите во развој, на пример, стапката на Алцхајмерова болест и деменција веќе со години се зголемува. Во Америка, Центарот за контрола на болести проценува дека вкупните бројки ќе се зголемат до 2050 година. Сепак, научниците допрва треба да ги утврдат специфичните причини за растот, а честопати го припишуваат на зголемувањето на факторите како генетиката, исхраната и социјалниот ангажман.

Другите хронични болести се подиректни. Најголемите убијци во Америка, на пример, се срцевите заболувања и ракот, кои заедно се одговорни за околу 1,2 милион смртни случаи секоја година. Гејтс изјави дека најголемите оптоварувања во развиените земји се трошоците за истражување и развивање поефикасни лекови.

Истражувачите веќе се движат кон попаметна, попрецизна дијагностика на ракот. Некои американски лаборатории дури и создадоа експериментални анализи на крвта кои можат да го дијагностицираат ракот неколку месеци порано од моменталните техники на златни стандарди.

„Мислам дека постои голема надеж дека ќе има голем напредок“, вели Гејтс.

Инфективните болести се сосем поинаков вид. Инсектите што носат болести - како комарците кои ги инфицираат луѓето со маларија - се наоѓаат покрај нечистата вода за пиење, нехигиенските услови за живот и лошите сексуални здравствени практики како главни двигатели на болеста.

Во овие случаи, Гејтс вели дека товарот лежи врз владејачките тела и фондации како што е неговата, за да им даде помош на земјите во развој, додека истражувачите напорно работат на трајни решенија како што се вакцините.

Една од најголемите грижи за Гејтс е ХИВ. Во последните 15 години направен е значителен напредок за забавување на растот на ХИВ на глобално ниво, но финансирањето е забавено.

Во извештајот Гејтс изразува загриженост дека африканското население може да предизвика зголемување на бројот на нови случаи во наредните години.

„Ова е страшна перспектива. Без инвестиции во истражувањето и развојот, нема да имаме нови откритија што би можеле да го спречат пренесувањето на ХИВ“, завршува тој.