Генијалната лекција за бактериите на една наставничка

Генијалната лекција за бактериите на една наставничка

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

лекција
Фото: Donna Gill Allen/Facebook

Едуцирањето на децата за комплексноста на науката може да биде вистински предизвик - но една наставничка доби генијална идеја за интересен експеримент.

Дона Гил Ален сакала да ги научи нејзините ученици за важноста на миењето раце и одржувањето на хигиената, па лекцијата ја споделила на нејзиниот фејсбук-профил.

Со лекцијата таа се обидувала да им каже колку лесно може да се рашират бактериите. За да го направи тоа, таа зела неколку парчиња леб и кеси.

Ова е нејзината методологија:

„Користите три парчиња леб. Пред децата едно парче леб ставате во кесата со нараквица, а на кесичката пишувате „Контролирано“. Ги миете рацете и со голи раце ставате парче леб во втората кесичка на која пишувате „чисто“. На последната кесичка ставате парче леб кој претходно го допреле рацете на сите деца и на неа пишувате „валкано“.

Со текот на времето набљудувајте како се менува лебот поради бактериите.

Резултатите се доволни за да ги натераат децата да не забораваат да си ги мијат рацете.