Погледнете 11 нови трејлери на филмови

Погледнете 11 нови трејлери на филмови

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

За сите љубители на филмовите, неделава се објавени 11 нови трејлери што можете да ги погледнете:


1. „Црвениот врабец“



Во главната улога игра Џенифер Лоренс, која е руски убиец обучен за убивање мажи преку заведување и разоружување. Филмот излегува на 2 март, но приказната не наидува на многу добри критики.

2. „Уметникот на катастрофи“



Филмот го драматизира креирањето на „Собата“, или најлошиот филм кој некогаш бил направен. Изгледа како забавен филм, а и досегашните критики се позитивни. Излегува на 8 декември.

3. „Сите пари на светот“



Режија на Ридли Скот – филм за киднапирањето на Џон Пол Гети III, чиј дедо бил богат човек и основач на „Гети масла“. Филмот е половина трилер, половина авантура. Играат Мишел Вилијамс, Марк Валберг и Кевин Спејси. Излегува на 8 декември.

4. „Трагични девојки“



Приказна за две средношколки кои почнуваат да убиваат луѓе за да добијат материјал, прегледи и слава за нивниот озборувачки блог. Излегува на 20 октомври.

5. „50 нијанси ослободени“



Завршниот од „50 нијанси“ филмовите. Излегува следната година на Свети Валентин.

6. „Обликот на водата“



Дело на Гиљермо дел Торо. Љубовна приказна, еротика, фантазија и позитивни критики. Излегува на 8 декември.

7. „Смртта и животот на Марша П. Џонсон“



Марша била лидер на ЛГБТ-движењето, па ова е документарен филм за нејзиниот активизам и нејзиниот живот. Исто така, приказната ја анализира и нејзината смрт во 1992 година. Се смета дека се самоубила, но многумина се сомневаат во тоа. Излегува на 6 октомври.

8. Намалување



Режисер е Александер Пејн, а филмот е комедија во која се зборува за свет каде што научниците измислиле процедура за намалување на луѓето. Чудна и во некои моменти непријатна комедија. Играат Мет Дејмон и Кристен Виг. Излегува на католички Божиќ.

9. „Том од Финска“



Том од Финска е уметник кој се преселува во Америка по Втората светска војна и е познат по своите стоички цртежи на лица облечени во кожа, како и хомосексуални сцени. Филмот има доста добри критики досега, а ќе има премиера на 13 октомври.

10. „Предание“



Се базира на вистински, но страшни настани, кои вообичаено потекнуваат од фолклорот. Излегува на 13 октомври.

11. „Патникот“



Лијам Нисон наводно изјавил дека ќе се повлече од акционите филмови бидејќи веќе има 65 години, па ова е веројатно последно негово вакво дело.