Вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата 34.000 денари

Вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата 34.000 денари

Служба за управување со услуги на Дата центар во Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура  во Област на Главен директор за техника и ИТ

Работно место: Виши специјалист за администрација на бази на податоци
    
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
    
Услови:
-    Високо – Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Технички факултет – Електротехника и останати факултети
-    Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
-    Инсталирање и конфигурирање на Oracle database server software според  најдобри практики на производителот, но и во контекст на постоечката инфраструктура , а со цел да се обезбеди оптимално функционирање на софтверот во рамките на целата инфраструктура
-    Креирање на продукциски, тестни и развојни Oracle бази на податоци  согласно потребите
-    Одржување на продукциски, тестни и развојни Oracle бази на податоци со што се овозможува безпрекорно функционирање  на истите (креирање и одржување на корисници и други објекти како табели, индекси, views итн.).
-    Планирање и спроведување на процесот на печирање (patching) на Oracle базите на податоци. Оваа активност опфаќа и координација на процесот со апликациските администратори за да се утврди компатибилноста на апликациите Процесот на печирање обезбедува базите да ги имаат најновите функционалности како и корегирање на одредени грешки во функционирањето на софтверот
-    Надгледување на перформансите на Oracle базите на податоци со што проактивно се делува во насока на избегнување на оперативни проблеми.  Тука спаѓа и менување на конфигурациски параметри на базите на податоци по потреба (database tuning)
-    Спроведување на сите неопходни оперативни активности за да се обезбебеди усогласеност со правилата за корпоративна безбедност при користење на Oracle базите на податоци од страна апликациите и корисниците
-    Навремено планирање на проширување на капацитетот на Oracle дата база системите (capacity planning) како би се овозможиле задоволителни перформанси независно од порастот на корисниците/апликациите кои пристапуваат.  Ова вклучува и навремено иницирање на неопходни процедури за набавки и проширување на дата база системите и/или нотифицирање на соодветните инстанци во компанијата за таква потреба
-    Водење на процесот за креирање на политика и процедури за backup/restore на Oracle базите на податоци во соработка со инженерите одговорни за backup и тимовите одговорни за апликациите кои пристапуваат  до базите. На овој начин се обезбедува безбедно враќање на податоците во случај на нивно губење од било кои причини, без притоа да има значителен импакт на бизнис процесите.

Способности и вештини:

Добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми , добра способност за: презентација на технички аспекти, проактивно делување, комуникација и организација на помали тимови , одлична способност за: споделување на знаења и информации, објективно изнесување на факти и аргументи

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши специјалист за администрација на бази на податоци

Огласот ќе биде објавен на ден  18.09.2017  година и ќе трае  до  27.09.207 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  34.018,00  денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.