1.300 бесплатни курсеви од најдобрите универзитети: 45.000 часа аудио/видеолекции

1.300 бесплатни курсеви од најдобрите универзитети: 45.000 часа аудио/видеолекции

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

ucenje
Фото: Wikimedia Commons

Веб-страницата „Free Online Courses“ денес нуди над 1.300 курсеви од најдобрите универзитети. Листата ви нуди преземање на аудио и видеолекции од училишта како „Стенфорд“ и „Јеил“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Оксфорд“ и „Харвард“. Генерално, до курсевите можете да пристапите преку „Јутјуб“, „Ајтјунс“ или преку веб-страниците на универзитетите, и можете да ги слушате лекциите кога било, каде било - на вашиот компјутер или на паметен телефон.

Моментално се нудат 173 бесплатни курсеви по филозофија, 92 бесплатни курсеви по историја, 128 бесплатни курсеви по наука, 81 бесплатен курс по физика и 55 бесплатни курсеви по литература. Можете да ги пребарувате и секциите како астрономија, биологија, бизнис, хемија, економија, инженерство, математика, политички науки, психологија и религија.

Ова се само некои од курсевите што можете да ги посетите.

- Историја на филозофијата во 81 лекција: Од античка Грција до модерните времиња - Бесплатно онлајн-видео - Артур Холмс, Витон колеџ

- Водич низ етиката за почетници - Различни формати - Мариен Талбот, Универзитет во Оксфорд

- Против сите шанси: статистика - Бесплатно онлајн-видео - Пардис Сабети, Универзитет „Харвард“

- Античка грчка историја
- Бесплатно онлајн-видео - Бесплатно ајтунс-аудио - Бесплатно ајтунс-видео - Материјали за курсот - Доналд, Каган, „Јеил“

- Креативно читање и пишување од Вилијам С.Буроус
- Бесплатно онлајн-аудио - Универзитет „Наропа“

- Критично резонирање за почетници
- Бесплатно ајтунс-видео - Бесплатно ајтунс-аудио - Бесплатно онлајн-видео и аудио - Мариен Талбот, „Оксфорд“

- Длабоко учење - Бесплатно онлајн-видео - Винсент Ванхојк, Гугл

- Развивање на ајос 10 апликации со „Свифт“ - Бесплатно ајтунс-видео - Пол Хегарти, „Стенфорд“

- Образование 101 - Бесплатно онлајн-видео - Мајкл Полан, „Беркли“

- Финансиски пазари - Бесплатно онлајн-видео - Бесплатно ајтунс-аудио - Бесплатно ајтунс-видео - Материјали за курсот - Роберт Шилер, „Јеил“

- Растење во универзумот -
Бесплатно онлајн-видео - Ричард Докинс, „Оксфорд“

- Планета на која може да се живее -
Системски пристап кон науката за животна средина - Бесплатно онлајн-видео - „Харвард“

- Вовед во курсеви за компјутерска наука на Харвард
- Беспллатен онлајн-курс - Дејвид Малан, „Харвард“

- Хемингвеј, Фицџералд, Фокнер
- Неколку формати - Ваи Чи Димок, „Јеил“

- Битието и времето на Хајдегер -
Бесплатно онлајн-аудио - Хјуберт Дрејфус, „Беркли“

- Како да слушате музика - Неколку формати - Крег Рајт, „Јеил“

- Биологија на човековото однесување - Неколку формати - Роберт Саполски, „Стенфорд“

- Вовед во стариот завет - Бесплатно онлајн-видео - Кристин Хејес, „Јеил“

- Покана до светската литература -
Бесплатно онлајн-видео - Дејвид, Дамрош, „Харвард“

- Лекции за дигитална фотографија - Бесплатно онлајн-видео - Марк Левој, Стенфорд/Гугл

- Филозофија на јазикот - Бесплатно онлајн аудио - Џон Сеарл, „Беркли“

- Наука и готвење - Бесплатно онлајн-видео - Инфо за курсот - Тим од „Харвард“

- Шекспир и неговите драми - Бесплатно онлајн-видео - Марџори Гарбер, „Харвард“

- Зборувајте италијански -
Неколку формати - Институтот за технологија во Масачусетс, д-р Паола Ребуско

- Американскиот роман од 1945 година
- Неколку формати - Ејми Хангерфорд, „Јеил“

- Централната филозофија на Тибет - Бесплатно онлајн-аудио - Роберт Турман, Универзитетот во Колумбија

- Особините на физичкото право (1964) - Бесплатно онлајн-видео - Ричард Фејнман, „Корнел“

- Хобитот - Бесплатно ајтунс-видео - Повеќе -Корси Олсен, Колеџот „Вашингтон“

- Бура - Бесплатно онлајн-аудиo - Ален Гинсберг, „Наропа“

- Лекции за Ничe, Kjeркегор и Сартр
- Бесплатно онлајн-аудио - Волтер Кауфман