Оглас за вработување во Систина Офталмологија

Оглас за вработување во Систина Офталмологија

Поради проширување на својот тим, специјализираната офталмолошка клиника „Систина Офталмологија“ Скопје, објавува оглас за вработување на:

МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Потребни квалификации:

-    Завршено релевантно високо образование
-    Одлично познавање на англиски јазик
-    Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
-    Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
-    Познавање на Adobe Photoshop, Ilustrator и сл. програми
-    Искуство со аналитички, организациски и истражувачки активности
-    Работно искуство во маркетинг сектор во медицинска установа ќе се смета за предност

Одговорности и работни задачи:

-    Поддршка и асистенција на маркетинг раководителот
-    Креирање и адаптација на содржина за различни медиумиски платформи
-    Комуникација со медиуми
-    Комуникација со пациенти за потребите на маркетинг активности
-    Изготвување на извештаи и анализи
-    Следење на светски маркетинг трендови од областа на медицината
-    Спроведување на BTL активности

Личен профил:

-    Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
-    Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
-    Одлични комуникациски и презентациски вештини
-    Професионален и позитивен однос
-    Љубезност, учтивост и хуманост
-    Самоиницијативност
-    Волја за развивање, учење и напредување
Заинтересираните кандидати потребно е да ја испратат својата кратка биографија (CV) со слика на електронската адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk со предмет: „За оглас за маркетинг асистент“.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!