Временска прогноза за последните денови од лето 2017
Денес е вторник, 19 септември 2017 година, 262-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:12, а ќе зајде во 18:41 часот. Денот ќе трае 12
часа и 29 минути.
Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло време со утрински
температури кои што се над повеќегодишниот просек, но ови утрински
температури се за некој степен пониски во однос на вчерашните.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево време
со појава на локална облачност и топло време, иако и утринските и
дневните температури ќе бележат благо опаѓање. Во попладневните часови
се очекува појава на локална облачност. Ќе дува доумерен јужен и
југозападен ветер кој што ќе биде повеќе изразен во западната половина
каде се очекува да достигне и до 25 км/ч. Утринските температури 7 до 17
степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 22
односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе преовладува претежно сончево време со појава
на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен југозападен ветер.
Утринската температура од 15 степени, додека пак максималната дневна ќе
достигне до 31 степен. УВ индекс 4.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе имаме умерено облачно
време со повремени сончеви периоди и ветровито време. Попладне
зголемување на облачноста која што може да услови слаби и локални врнежи
од дожд. Врнежите ќе изостанат во крајните југоисточни предели.
Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 18
до 30 степени. Во четврток умерено облачно време со услови за локални
врнежи од дожд, ветровито и свежо време со дополнителен пад на
температурите, минималните од 3 до 12 степени, додека пак максималните
ќе достигнат до 12 односно до 24 степени. Во петок по свежото утро со
температури од 2 до 11 степени во текот на денот ќе биде умерено облачно
со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури од 13
до 23 степени. Свежо утро ќе имаме и во сабота со идентични температури
од 2 до 11 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со
појава на локална облачност и максимални температури кои што ќе се
движат во интервал од 14 до 25 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда и четврток ќе биде умерено облачно
време со повремени сончеви периоди и посвежо време со пад на
температурите. Во попладневните часови со услови за локални врнежи од
дожд. Во среда минималната температура од 13 степени, а максималната до
27 степени, додека пак во четврток утринската од 10 а дневна до 21
степен. Во петок и сабота свежо утро со температура од 9 степени, а во
текот на денот стабилно време. Во петок умерено облачно со сончеви
период, додека пак во сабота намалување на облачноста и повеќе сончеви
периоди. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 односно до 22
степени.
Weather4all.com.mk