Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата 30.885,00  денари

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје...Нето плата 30.885,00 денари


Служба за пост пејд и пакет услуги / Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници.
                                                        
Работно место: Специјалист за понуди
    
Краток опис

Услови:
-    Високо образование , Технички факултет – Eлектротехника, телекомуникации; Технички факултет – Информатички технологии, Економски факултет iили други соодветни факултети
-    3-5 години соодветно работно искуство
-    Активно познавање на англиски јазик
-    Напредно познавање на MS Office
-    Разбирање на пазарот на телекомуникации
-    Осет за маркетинг и маркетинг потребите

Работни задачи:

Развој на продукти за пост паид, интегрирани и фиксни услуги за резиденцијални корисници.  
Развој на мобилни, интернет и ТВ продукти за резиденцијален сегмент.
-    Извршување на процесот за развој на производите:
-    Дефинирање на карактеристиките на производите/ услугите и моделот на цени.
-    Испитување на можностите за техничка имплементација во соработка со ИТ секторот
-    Подготовка на целосен опис на производот и понудата земајки ги во предвид техничките к-ки, финансиските. легално/регулативините апсекти како и потенцијалот на пазарот врз основа на внатрешни и надворешни влезни информации.
-    Управување со меѓу-функционалните тимови.
-    Подготовка на продажна стратегија на продуктите
-    Учество во дефинирањето на маркетинг комуникацијата за продуктот.
-    Подготовка на финансиска пресметка.
-    Следење на продуктите
-    Извршување на процесот за управување со животниот циклус на производите:
-    Постојано следење на производите поврзани со: нивната продажба/ одлевање, нивните карактеристики и придобивки, формирање на цени и,
-    предлози за промени на производи, промени на цени, промоции/ кампањи, повлекување.
-    Дефинирање на стратегиите за производи за фокусирање на различни под-сегменти.
-    Развој и поттикнување на темелно разбирање на основните потреби на корисниците во рамките на сегментот.
-    Идентификација на пазарни и конкурентни трендови кои што влијаат на корисниците
-    Подготовка и учество во креирањето на редовни извештаи за менаџмент на високо ниво.
-    Координација на меѓу-функционални проекти и активности поврзани со производите и понудите Развој и имплементација на понудите за задржување на корисниците.

Способности и вештини:
Иновативен, проактивен, аналитички вештини, вештини за организација и комуникација, тимска работа,  способност за стратешко размислување, прецизност, точност и посветеност кон работата

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Специјалист за понуди

Огласот ќе биде објавен на ден 20.09.2017 година и ќе трае  до  27.09.2017 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667  до 16:00 часот.

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  30.885,00  денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.