ТЕЛЕКОМ вработува! Отворени се 2 (две) работни места

ТЕЛЕКОМ вработува! Отворени се 2 (две) работни места

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за системска интеграција и ИТ архитектура/Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура/ Област на главниот директор за техника и ИТ. 
Работно место: Соработник за интеграција на системи за подршка на деловното работење 

Служба за CRM / Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура / Област на Главен директор за техника и ИТ 
Работно место: Соработник за CRM 

Служба за CRM / Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура / Област на Главен директор за техника и ИТ

Работно место: Соработник за CRM

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо или Вишо образование , Технички факултет – Компјутерски науки и инженерство, Технички факултет – Електротехника, Информатички технологии и други технички факултети
- 0 -1 година соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Подготовка на техничка функционална спецификација за имплементација на новите барања во ЦРМ системите.
- Развој на апликации базирани на функционална и техничка спецификација.
- Развој на содржини и извештаи за постоечките апликации во рамки на ЦРМ системите.
- Развој на решенија кој ќе ги подобрат фунционалноста и перформансите на постоечките системи и апликации.
- Подготовка на техничка документација за решенијата.
- Подготовка на упатства за употреба на решенијата за крајните корисници.
- Поддршка и одржување на апликациите
- Учество во проекти со интерни и екстерни ресурси за развој на нови и одржување на постоечките функционалности.
- Обезбедување на функционирање на апликациите без проблеми и грешки.
- Соодветно извршување на работните задачи и надминување пречките кои би можеле да се појават.
- Прва линија на поддршка на колегите за ЦРМ апликациите.
- Развој на извештаи, автоматски и рачни процедури за собирање на неопходните податоци потребни за деловните процеси.

Способности и вештини:
Добри вербални и комуникациски способности, Проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, способност за работа под притисок, посветеност на работата.

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Соработник за CRM

Огласот ќе биде објавен на ден 20.09.2017 година и ќе трае до 30.09.2017 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667 до 16:00 часот

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 25.664,00денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Служба за системска интеграција и ИТ архитектура/Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура/ Област на главниот директор за техника и ИТ.

Работно место: Соработник за интеграција на системи за подршка на деловното работење

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Вишо или Високо образование – Технички факултет - Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство; Природно математички факултет - Институт за Информатика или друг технички факултет
- 0-1 година соодветно работно искуство
- Практично знаење од областа на интеграција на ИТ системи
- Познавање на технологијата за Сервисно ориентирана архитектура (SOA)
- Практични познавања на еден од следните програмски јазици: C#, Java
- Познавање на релациони бази на податоци.

Работни задачи:
- Да развива апликации и интерфејси базирани на функционални барања.
- Да развива решенија кои ќе ја подобрат функционалноста и перформансите на постоечките системи и апликации.
- Да зема учество во анализата на функционалните барања и да предлага решение за истите.
- Да учествува во корпоративни проекти.
- Да развива решенија кои ќе ја подобрат функционалноста и перформансите на постоечките системи и апликации.
- Да го имплементира и подржува процесот за животен век на сервиси во текот на имплементација на нови и промена постоечките сервиси.
- Да подготвува техничка и корисничка документација за решенијата.
- Да обезбеди континуирано и коректно извршување на апликациите во рамките на логичката група.
- Да обезбеди оперативна подршка и одржување на апликациите во рамките на логичката група.
- Да се грижи за континурана работа на системите во надлежност на работната единица.

Способности и вештини:
- Добри комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за тимска работа и работа под притисок, креативност

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Соработник за интеграција на системи за подршка на деловното работење

Огласот ќе биде објавен на ден 20.09.2017 година и ќе трае до 30.09.2017 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667 до 16:00 часот.

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 25.664,00 денари