Временска прогноза: Следува период на нестабилно време

Временска прогноза: Следува период на нестабилно време

Денес е среда, 20 септември 2017 година, 263-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:13, а ќе зајде во 18:39 часот. Денот ќе трае 12 часа и 26 минути.

Во утринските часови имаме претежно сончево време со појава на локална облачност, а зголемена облачност имаме во крајните западни предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност која што ќе биде повеќе изразена во западните предели. Попладне зголемување на облачноста која што во крајните западни и северозападни како и во североисточните предели ќе услови локални врнежи од дожд. Се работи за сосема слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч во западните предели. Утринските температури од 6 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 31 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време. Попладне се очекува зголемување на облачноста. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 27 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со осетен пад на дневните температури. Врнежите од дожд се очекува да изостанат во југоисточните предели. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 24 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 26 степени. Во сабота и недела по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 2 до 11 односно од 2 до 10 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со температури од 14 до 27 степени во сабота, односно од 16 до 29 степени во недела.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток умерено облачно време , а во попладневните и вечерните часови со услови за локални врнежи од дожд, ветровито и свежо време со максимални 20 степени. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и дневна температура до 22 степени. Во сабота и недела свежо утро со утринска температура од 9 односно 8 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со максимални 23 односно 25 степени.

Weather4all.com.mk