Драгана и Иван од ДИАС имаат порака до вас: „Носете чевли за кои сите ќе зборуваат“

Драгана и Иван од ДИАС имаат порака до вас: „Носете чевли за кои сите ќе зборуваат“

Чевли направени само за вас, модел што ќе го имате само вие и никој друг, а истовремено и обувки за кои сите ќе зборуваат. Концептот на custom made чевли од пред извесно време може да се најде кај модниот бренд ДИАС, а тие направија и одлично видео кое зборува за нивната идеја и концепт, квалитет и уникатен производ. Во ДИАС можете сами да си ги дизајнирате обувките, чантите и да бидете различни и уникатни.



We've always wanted something different ,, е нивниот слоган за ова видео.

- Ова се чевли без стереотипи и храбрите бои ја потикнуваат вашата самодоверба, ја будат вашата креативност, вашиот авантуристички дух. На тој начин сакаме луѓето да сознаат дека DIAS custom made shoes and bags концептот им овозможува покрај класичните чевли, чанти и бои, да имаат и уникатни парчиња, да бидат единствени, да направат персонализација на своите чевли или чанти со иницијали, бројки, букви, симболи и слично. DIAS ви препорачува секогаш да го задржите авантуристичкиот дух во себе без разлика колку години имате, секогаш да бирате слобода, наспроти строги правила, да си ја креирате својата авантура, да имате љубов без лаги, да носите чевли без стереотипи и да сакате храбри бои – велат од брендот ДИАС. Концептот DIAS custom made shoes and bags е единствен кај нас и еден од ретките во околината кој им дава можност на клиентите да имаат сопствен придонес во тоа како ќе изгледаат нивните чанти и чевли.