Нови филмови што би требало да ги погледне секој лидер

Нови филмови што би требало да ги погледне секој лидер

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Потребна ви е пауза од маратонски серии, суперхерои и спасување на светот? Овие филмови, чии премиери ги чекаме есенва, ни говорат за креаторите, претприемачите, лидерите – односно за способните луѓе и за нивните важни лекции за кариерата.


Ова е листата со таквите филмови, но треба да знаете дека датумите за премиера се однесуваат на оние во САД:

1. „Статусот на Бред“

Главниот јунак Бред се соочува со криза на средните години по дружењето со неговите богати и успешни пријатели. Додека му помага на својот син да донесе одлука за иднината, Бред ја учи уметноста на балансирање помеѓу очекувањата и исполнувањата. Премиера на 15 септември.



2. „Борба на половите“

Вистинска приказна за натпревар од 1973 година помеѓу Боби Ригс, кој имал 55 години, и Били Џин Кинг, 29 години. Ригс се однесувал како шовинист, па натпреварот се претворил во борба на полови, а не во натпревар во вештини. Премиера на 22 септември.



3. „Збогум Кристофер Робин“

Живописен поглед на животот на А.А. Милн, кој ја креирал популарната серија за деца „Вини Пу“. Филмот ги следи Милн и неговиот син Кристофер Робин, чии играчки служеле како инспирација за приказните на Пу. Премиера на 13 октомври.



4. „Маршал Тургуд“

Маршал бил првиот афроамерикански придружен судија на Врховниот суд во САД, но оваа биографија не ја зборува таа приказна. Истражува судење за силување, во 1941 година, што е важен момент за тогашниот 32-годишен адвокат. Премиера на 13 октомври.



5. „Професор Марстон и Чудесната жена“

Мислите дека го знаете потеклото на „Чудесната жена“? Овој филм истражува како врската помеѓу докторот Вилијам Марстон и неговата жена Елизабет и како нивната љубов го обликувала подоцна популарниот серијал. Премиера 13 октомври.



6. „LBJ“

Што можете да научите од турбулентни времиња полни со конфликти: Овој филм прикажува некои од најклучните моменти во животот на 36-тиот претседател Линдон Џонсон, од атентатот на Кенеди во 1963 година и доаѓањето на местото претседател, до војната во Виетнам и граѓанските немири. Премиера на 3 ноември.



7. „Играта на Моли“

Се работи за Моли Блум, 26-годишна девојка која водела приватни покерски игри за некои од најголемите играчи во Холивуд. Филмот го следи нејзиниот бизнис, кој станува многу сериозен. Премиера на 22 ноември.



8. „Совршен терен 3“

Кога животот не оди онака како сте планирале, како да заздравите од разочарувањето? Откако членовите на акапела-група едвај составуваат крај со крај во музичката индустрија, одлучуваат да се состават за заедно да настапат. Премиера на 22 декември.