Британскиот музеј нуди 3Д онлајн-верзија на Каменот од Розета

Британскиот музеј нуди 3Д онлајн-верзија на Каменот од Розета

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден од највредните предмети во Британскиот музеј е Каменот од Розета, а добрите вести се дека сега не мора да се патува до Лондон за сите заинтересирани да го видат. Музејот го нуди увидот на Каменот од Розета онлајн, во 3Д-верзија. 

фото извор: thevintagenews.com

Ова значи дека каменот испишан со хиероглифи може да го разгледувате само со кликање на маусот. Од музејот велат дека ваквиот потег има цел да го направи каменот подостапен за широката публика. Освен каменот, достапни се онлајн уште 200 други артефакти. Сите што сакаат да научат нешто повеќе за каменот, покрај 3Д-верзијата на истиот, можат да слушаат и аудиообјаснувања за него.

Долго време каменот бил изложен во музејот без заштита. Иако во музејот е забрането за посетителите да ги допираат артефактите, сепак луѓето често го допирале со своите прсти. Потоа, оригиналот бил заменет со копија која не била заштитена и посетителите можеле да ја допираат, а каменот бил поставен во заштитно стакло.

Артефактот бил откриен од Французите за време на нивната окупација на Египет во 1799 година. Тежи речиси еден тон и е од големо значење бидејќи се користел за да се помогне во декодирањето на античките египетски хиероглифи. Сега каменот се смета за едно од највредните откритија на античкиот свет, но тоа не било случај кога бил првпат впишан во 196 година пр.н.е. Тогаш, артефактот бил една од многубројните копии на декретот кој бил донесен од страна на совет на свештеници. Декретот бил поврзан со кралското оценување на кралот Птоломеј V, петтиот владетел на египетската птоломејска династија. Како што египетската цивилизација полека се губела во историјата, така се губело и знаењето за египетските хиероглифи. Барем додека каменот не бил повторно откриен во 1799.

Додека каменот бил дешифриран, веќе бил поставен во музејот две децении. Музејот бил постојан дом за артефактот, освен две години во текот на Првата светска војна кога бил скриен заедно со уште други вредни артефакти.

Се дебатирало каде да се чува артефактот, „Лувр“ во Франција или во Египет, но барањата од сите биле одбиени од страна на Британскиот музеј, а дополнителна копија била доделена од музејот на Египет во 2005 година.

Благодарение на -верзијата, луѓето од сите места на светот можат да го погледнат и изучуваат артефактот.