Ејч-би-о со одлична вест за фановите на „Игра на троновите“

Ејч-би-о со одлична вест за фановите на „Игра на троновите“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

tronovi

Додека фановите со нетрпение ја чекаат последната сезона од „Игра на троновите“, ќе ги израдува веста дека се планира снимање на нова серија што ќе биде претпродолжение („prequel“) на оваа популарна серија.

Странските медиуми потврдуваат дека Ејч-би-о ќе ја снима серијата, а сценариото ќе го пишува Брајан Когман, кој работеше на првата сезона на серијата. Когман го напишал сценариото за седмата епизода од шестата сезона („The Broken Man“) и втората епизода од седмата сезона („Stormborn“).

Иако деталите се чуваат во строга тајност, Џорџ Мартин, авторот на книгата „Песна за мраз и оган“, врз која е базирана серијата, вели дека во оваа серија нема да се појави ниту еден главен лик од „Игра на троновите“.

Тој исто така ги негира шпекулациите дека приказната ќе биде насочена на сер Данкан Високиот или Егон Таргариен или дека темата ќе биде бунтот на Роберт Баратеон.