НАСА можеби ќе го промени фокусот од Марс на Месечината

НАСА можеби ќе го промени фокусот од Марс на Месечината

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Приоритет на НАСА, кога се работи за патување во вселената, е да однесе луѓе на Марс што побрзо. Оттаму истакнуваат дека не е возможно да се случи тоа, но со проекти како „Спејс екс“, тој сон бил одржуван во живот. Ако моменталната администрација на САД реши да го промени фокусот на Месечината, НАСА нема да биде неподготвена и неспособна за приспособување.


Елен Окоа, директорка на вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА, истакнала дека тие се подготвени да се справат со одењето на Месечината ако тоа стане приоритет. Вселенското летало „Орион“ е клучот во организацијата за моменталните планови за Марс, кое ќе има пробни летања помеѓу 2019 и 2023 година. Потоа ќе се одвива и конструкција близу Месечината наречена „Дип спејс гетавеј“, место што ќе биде користено како регион за идните мисии кон Марс и активностите на самата Месечина.

Не е јасно кои аспекти од планот ќе останат доколку фокусот се промени од Марс на Месечината. Можеби конструкцијата ќе се замени со обезбедување членови на екипажот и потребниот товар.

Повторното одење на Месечината пред Марс е идеја која е дискутирана и поттикнувана од многумина. Џеф Безос од „Амазон“ изјавил дека на Месечевите полови треба да биде изградена постојана населба. Пензионираниот астронаут Крис Хедфилд исто така потенцирал дека Месечината би била подобар прв потег отколку Марс за да се потврди дека не само што можеме да дојдеме дотаму туку можеме и да живееме.

Без разлика на која локација ќе се оди прво, овие постапки се доказ дека човештвото крои планови за населување на други планети. Дали тоа ќе се покаже како вистина, ќе видиме во следните 20-ина години.