Оглас за вработување во Џонсон Мети... Се бараат Oператори за квалитет

Оглас за вработување во Џонсон Мети... Се бараат Oператори за квалитет

Реф.бр. 2017145

Оглас за работа: Oператори за квалитет ( Quality Operators )


Локација: Clean Air Macedonia
JM Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Оператори на квалитет (Quality Operators) кои ќе му се придружат на нашиот тим за Осигурување на Квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје

Главни одговорности :

• Инспекција на производниот процес на катализатори
• Инпекција на сите материјали во текот на производниот процес
• Донесување на одлуки во врска со детектирани неусогласености во производниот процес
• Водење на документирана евиденција во врска со извршените проверки и одлуки и нејзино архивирање
• Асистирање на Инженерите за квалитет во врска со тековните задачи во смената
• Подготовка на примероци за тестирање и нивно испраќање во лаборатории за тестирање
• И други работни задачи согласно описот на работното место

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

• Завршено средно техничко образование, универзитетска диплома ќе се смета за предност
• Најмалку две години работно искуство, пожелно во производствена средина
• Напредно познавање на MS Office апликации
• Основно познавање на англиски јазик – говорен и пишан; напредно познавање на англискиот јазик ке се смета за предност

Позицијата подразбира работа во три смени 24/7 и работа во викенди

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com, како MS Word и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Интерните кандидати задолжително да го информираат нивниот непосреден Супервизор / Менаџер за нивната намера за аплицирање.

Краен рок за аплицирање: 02 Октомври

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување