Откриен град во Ирак, основан од Александар Македонски и заборавен со милениуми

Откриен град во Ирак, основан од Александар Македонски и заборавен со милениуми

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

македонски
Фото: Public Domain

Во 331 година пр.н.е, Александар Велики поминал низ она што е денешен северен Ирак, додека го бркал Дариј III од Персија, неговиот поразен непријател, кој во период од една година ќе почине. При преземањето на Персиската Империја, Александар основал град во оваа област, Калатга Дарбанд, што подоцна станал центар на производство на вино пред целосно да исчезне од историјата.

Некаде во 60-тите години на 20 век сателит на разузнавачките служби поминал низ оваа област и успеал да ги слика урнатините на градот. Никој не ги забележал со децении.

Откако овие шпионски фотографии биле декласифицирани во 1996 година, археолозите забележале знаци од градот што некогаш се наоѓал на ова место. Сега, како дел од програмата за обука на ирачките археолози, тим од британски и ирачки истражувачи ги открил остатоците од овој одамна изгубен град. Сликите откриваат голема правоаголна зграда скриена под полињата на пченица и јачмен.

Оттогаш, археолозите успеале да создадат топографска карта на локалитетот и да ја разгледаат површината од површинска керамика. Помеѓу нивните наоди се и грчко-римски статуи кои би можеле да ги претставуваат Персефона и Адонис.