Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 07.10.2017
 

Кризен центар „Надеж“ има потреба од волонтери

 


Кризен центар ,,Надеж” е здружение кое има 17 годишно искуство во обезбедување на директна поддршка на жртвите на семејно насилство, како и превентивно работење со цел прекинување на кругот на насилство. Интегрираниот пристап во нашата работа се гледа во поддршката на жртвите на семејно насилство преку СОС линиите за помош, згрижувањето во период од 24-48 часа и емоционаното зајакнување и бесплатното правно советување, како и во бројката од повеќе од 30 реализирани превентивни проекти. Кризен Центар „Надеж“ работи на следниве програми:

1.      Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 и два Телефони на Доверба 02/3 175-516, 02/3 173-424 )

2.      Емоционално зајакнување и првична правна помош преку едукација на жртви на семејно насилство.

3.      Згрижување, обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа со капацитет за сместување на 5-7 жртви на семејно насилство.    

Превентивна програма за семејно насилство и насилство врз жени


Кризен Центар „Надеж“ отвара повик за волонтери - социјални работници, психолози, педагози и правници за обука и работа како оператори на Национална СОС линија 15-315. Волонтерите ќе работат со тимот на Кризен Центар „Надеж“. Сите заинтересирани да пратат CV на следната е-маил адреса: info@krizencentar.org.mk
date-icon Активен до: 07.10.2017
 
Објавено на 27.09.2017 во категорија Пракса
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook